Постапка на инсталирање или ажурирање на програмата Java за Windows
Програмската поддршка COBISS е изградена во Java-околина. Програмата Java мора да биде инсталирана на компјутерите на кои се користи програмската поддршка COBISS. Треба да се води сметка секогаш да биде инсталирана препорачаната верзија на програма Java. Тоа е потребно заради прилагодување и ажурирање, како на програмската поддршка Java, така и на програмската поддршка COBISS.
Подготовка за инсталација на програмата Java
Во околината на оперативниот систем Linux или Mac програмата Java не може да се инсталира на клиентот без да имате администраторски права (Superuser или Administrator). Инсталирањето е изводливо преку веб-страницата на JavaTM ORACLE®: http://www.java.com/en/.
Најдобро е да се обратите на лицето што се грижи за вашите компјутери. Така ќе ги избегнете непотребните тешкотии.
ЗАБЕЛЕШКА: Ја инсталирате исклучиво програмата ORACLE Java!
Проверка на верзијата на програмата Java
Корисниците на околината MS Windows, преку веб-страницата на Java, непосредно проверуваат дали ја имаат инсталирано актуелната верзија на програмата Java. Преку линкот Verify Java and Find Out-of-Date Versions се поврзувате со веб-страницата и со клик врз копчето
ја започнувате постапката на проверка на препорачаната верзија на Java на вашиот компјутер. Кога имате инсталирана препорачана верзија на Java, се испишување следната порака (слика 1):
Слика 1: Потврдување на проверената препорачана верзија на Java
Во спротивно, треба да ја почнете постапката на инсталирање на препорачаната верзија на Java. Составни делови на постапката може да се отстранување, а потоа инсталирање или ажурирање на програмата Java.
ЗАБЕЛЕШКА: Ако проверката на програмата Java не е можна, побарајте совет од лицето што ја одржува компјутерската опрема!
Отстранување на старата верзија на програмата Java
Ако имате тешкотии за инсталирање на најновата верзија или ако имате тешкотии со апликациите COBISS што се засновани врз програмата Java, ги отстранувате старите верзии на програмата Java (види: Проблеми со апликациите COBISS по ажурирање на програмата Java).
Во текот на отстранување на старите верзии може да ви помогне алатката за отстранување на програмата Java (Java Uninstall Tool).
Програмата Java можете да ја отстраните преку опцијата за додавање и отстранување на програмата на Контролната табла (Control Panel) на околината MS Windows. По отстранувањето, повторно го активирате компјутерот.
Инсталирање или ажурирање на програмата Java
Инсталирањето или ажурирањето може да се изведе на два начини:
-
Преку опцијата Java на Kонтролната табла. Во прозорецот Java Control Panel во ливчето General, го избирате About, а потоа во прозорецот About Java кликнуватеk на линкот http://www.java.com (слика 2).
Слика 2: Прозорец со линкот за инсталирање или ажурирањеЗа продолжение на постапката кликнувате на копчето Free Java Download
кое ве води до опцијата за инсталирање на препорачаната верзија на Java.
Следете ги упатствата за инсталирање.
-
На веб-страницата на COBISS3 во прозорецот Инсталација, во точката 2 го избирате дадениот линкот
за околината MS Windows ili
за околината Linux/Mac
, кој ве води до опцијата за инсталирање на препорачаната верзија на Java.
Потоа кликнувате на копчето Free Java DownloadСледете ги упатствата за инсталирање.
ЗАБЕЛЕШКА! PПред инсталирање може да се испише барање за инсталирање на додатоци, како што се ASK Toolbar или слично (слика 4). Во таков случај ја отстранувате кукичката за избор на додатоци и продолжувате понатаму.
Слика 4: Прозорец со барање за инсталирање на додатоци