Заштита на личните податоци
Како информациски сервис на словенечката наука, култура и образование, ИЗУМ врз основа на договор врши услуги за обработка на личните податоци во име и за сметка на администраторите на лични податоци.
Библиотеките полноправни членки на системот COBISS.MK како администратори на лични податоци се одговорни за собирање, чување и обработка на личните податоци во согласност со законите (Законот за заштита на личните податоци, Законот за библиотеки, Законот за научно-истражувачката дејност), другите правни акти (правилници за заштита на личните податоци) и во согласност со намената за која податоците се собрани, чувани и обработени.
Како договорен изведувач, ИЗУМ врши организациски и технички постапки и мерки за да обезбеди заштита на личните податоци, да спречува случајно или намерно неовластено уништување на податоците, нивно менување или губење и неовластено обработување.
Личните податоци можат да ги обработуваат вработените на администраторот на лични податоци и вработените во ИЗУМ кога е тоа потребно заради природата на нивната работа, при што е обезбедено дополнително утврдување на обработката на личните податоци.