Постапка на инсталирање или ажурирање на програмата Java за Linux или Mac
Програмската поддршка COBISS е изградена во Java-околина. Програмата Java мора да биде инсталирана на компјутерите на кои се користи програмската поддршка COBISS. Треба да се води сметка секогаш да биде инсталирана препорачаната верзија на програма Java. Тоа е потребно заради прилагодување и ажурирање, како на програмската поддршка Java, така и на програмската поддршка COBISS.
Подготовка за инсталација на програмата Java
Во околината на оперативниот систем Linux или Mac програмата Java не може да се инсталира на клиентот без да имате администраторски права (Superuser или Administrator). Инсталирањето е изводливо преку веб-страницата на JavaTM ORACLE®: http://www.java.com/en/.
Најдобро е да се обратите на лицето што се грижи за вашите компјутери. Така ќе ги избегнете непотребните тешкотии.
ЗАБЕЛЕШКА: Ја инсталирате исклучиво програмата ORACLE Java!
Проверка на верзијата на програмата Java
Во контролниот прозорец на програмата Java (Java Control Panel) ја проверувате верзијата на програмата (слика 1). Инсталираната верзија на спредувате со препорачаната верзија што е на располагање на веб-страницата со адресата Downloads for All Operating Systems: ( http://www.java.com/en/download/manual.jsp).
Слика 1: Прозорец со линкот за инсталирање или ажурирање
Ако установите дека инсталираната и препорачаната верзија не се исти, започнувате со постапката на инсталација на препорачаната верзија на Java. Составните делови на постапката може да се отстранување, а потоа инсталирање или ажурирање на програмата Java.
Отстранување на старата верзија на програмата Java
Доколку имате тешкотии со инсталација на најновата верзија или ако имате тешкотии со апликациите COBISS кои се засновани на програмата Java, најпрво ја отстранувате старата верзија на програмата Java (види: Проблеми со апликациите COBISS по ажурирање на програмата Java).
Во текот на отрстранувањето на старите верзии можат да ви помогнат советите за отстранување на програмата Java, и тоа:
- за Linux: http://www.java.com/en/download/help/linux_uninstall.xml
- за Mac: http://www.java.com/en/download/help/mac_uninstall_java.xml
Инсталирање или ажурирање на програмата Java
Новата верзија на Javа ја инсталирате или ја ажурирате така што најпрви, со оглед на оперативниот систем што го користите, ја избирате и ја пренесувате датотеката:
Потоа, во чекори ја инсталирате пренесената датотека. Упатствата за инсталирање можете да ги најдете на следните веб-страници:
- за платформата Linux:
- www.java.com/en/download/help/linux_install.xml (Red Hat Linux, SUSE Linux, Oracle Linux, Oracle Enterprise Linux, SLES)
- help.ubuntu.com/community/Java#Oracle_Java_7 (Ubuntu)
- openjdk.java.net/install/ (Fedora)
- wiki.debian.org/Java/Sun#Installation (Debian)
- за платформата Mac: