Препорачана опрема
За користење на програмската подрршка COBISS3 потребен е персонален компјутер од понова генерација со оперативен систем Microsoft Windows, Linux или Apple Macintosh OS X, поврзан на Интернет.
Печатачи, читачи, терминали и табли за потпишување
Програмската поддршка COBISS ги поддржува избраните:
- типови на печатачи,
- читачи,
- терминали и
- табли за потпишување
Инсталација на програмската поддршка
За пристап до серверите со програмската поддршка COBISS3 потребна е инсталација на отворениот код на Javа и инсталација на клиентот со кориснички интерфејс COBISS3.
Инсталирање на директориумот и системската променлива за системот COBISS
Директориумот C:\Cobiss3Files и системската променлива COBISS_DIR со вредноста C:\Cobiss3Files системскиот администратор може да ја креира рачно или со помош на програма за инсталација. Директориумот и системската променлива се неопходни за правилно функционирање на периферните уреди (на пр. RFID-уреди, POS-терминали, сертификати итн.). Со програмата за инсталација ги креирате според следната постапка:
- За извршување на постапката потребни се администраторски привилегии.
- За креирање на директориумот C:\Cobiss3Files и на системската променлива COBISS_DIR ја активирате програмата за инсталација дадена на линкот.
- За инсталирање следете го упатството.
Инсталација на сервисот COBISS DGW
За користење на периферни уреди во COBISS Lib, како што се печатачи, RFID плочки, каси со фиока итн., библиотеката треба да го инсталира сервисот COBISS DGW. Овој сервис овозможува комуникација помеѓу апликацијата COBISS Lib и периферните уреди. Сервисот е неопходен за фискализација на сметките. Повеќе за сервисот COBISS DGW и COBISS Lib можете да најдете на линкот. Сервисот е неопходен и за корисниците на RFID уреди во COBISS3. Постапката на инсталација на сервисот COBISS DGW и уредување на поставките се опишани во упатството Инсталација и поставување на сервисот COBISS DGW.