Најчести прашања
Kако се пријавувам во cobiss lib?
Во апликацијата COBISS Lib се пријавувате од почетната страница на линкот https://mk.cobiss.net/bibliotekari.htm каде во делот COBISS Lib ја избирате опцијата Пријавување. Го внесувате акронимот или називот на библиотеката, а потоа од паѓачкиот список ја избирате вашата библиотека.
Во COBISS Lib можете да се пријавите и така што во веб-прелистувачот ја внесувате веб-адресата https://cs.cobiss.net/clib/akronim/ каде за акроним го внесувате акронимот на вашата библиотека – на пр. за библиотеката на Филозофскиот факултет во Скопје, со акроним ФЗФСК, веб-адресата за пријавување гласи https://cs.cobiss.net/clib/fzfsk/.
Hе можам да се пријавам во апликацијата cobiss lib, се испишува следната порака: "погрешно корисничко име или лозинка!"
Ако сте ја заборавиле лозинката или ако лозинката се заклучила, кликнете на линкот Промена на лозинката/заборавена лозинка. Линкот овозможува пристап до порталот Образование, каде што по успешната авторизација можете да ја смените лозинката за пријавување во сите апликации COBISS (со избирање на Менување лозинка).
Во случај на потешкотии повикајте го Националниот COBISS центар на телефонскиот број 075 378 034 или пишете на vbmkservis@nubsk.edu.mk.
Штo ни е потребно за работење во cobiss lib?
COBISS Lib е веб-апликација. Услов за работење е добра врска со интернет и еден од најчесто користените веб-прелистувачи (на пр. Chrome, Firefox, Edge…). За користење на периферните уреди, како што се печатачи, RFID плочки, каси со фиоки, библиотеката мора да го инсталира сервисот COBISS DGW. Овој сервис овозможува комуникација помеѓу апликацијата COBISS Lib и периферните уреди.
Дали треба да одам на дополнителни обуки?
Дополнителни обуки не се потребни. Концептот на изведување на постапките во COBISS Lib остана ист како и во COBISS3, бидејќи ги следи процесите и барањата на постапките во библиотеката.
Bо што се разликува COBISS Lib од COBISS3?
Новата генерација на програмската опрема COBISS Lib е веб-апликација со истите функционалности кои ги има и COBISS3, но со нов кориснички интерфејс. Апликацијата работи во сите вообичаени веб-прелистувачи и може да се користи на различни уреди, дури и на таблички и мобилни телефони. Според изгледот интерфејсот е нов, современ и многу прегледен за употреба. На пример: во споредба со програмската опрема COBISS3 во која постапките се организирани претежно со паѓачки списоци, во апликацијата COBISS Lib се распоредени во содржински склопови на екранот.
Дали може истовремено да се работи и во cobiss3 и во cobiss lib?
Не, истовремено работење со исто корисничко име и во COBISS3 и во COBISS Lib не е можно.
Како се инсталира сервисот COBISS DGW?
За користење на периферните уреди, како што се печатачи, RFID плочки, каси со фиоки итн. библиотеката мора да го инсталира сервисот COBISS DGW Инсталација и поставување на сервисот COBISS DGW. Овој сервис овозможува комуникација помеѓу апликацијата COBISS Lib и периферните уреди.
За инсталација на сервисот на работна станица неопходни се администраторски привилегии. Овие привилегии не се неопходни за уредување на поединечни поставувања во COBISS DGW.
Сервисот COBISS DGW е достапен само за оперативниот систем Microsoft Windows. Не може да се инсталира на мобилни уреди, па затоа од тие уреди не можете непосредно да печатите, да намирите побарувања итн.
Каква е постапката на инсталација или ажурирање на JAVA?
За програмската опрема COBISS Lib е неопходна инсталација на препорачаната верзија на Javа со отворен код, односно дозволената верзија на програмскиот јазик Java за Microsoft Windows.
Kои печатачи ги поддржува програмската опрема COBISS?
Список на печатачи кои ги поддржува програмската опрема COBISS.
Дали cobiss lib веќе поддржува употреба на pos-терминали?
Да.
За употреба на POS-терминали библиотеката мора да го инсталира сервисот COBISS DGW. Овој сервис овозможува комуникација помеѓу апликацијата COBISS Lib и периферните уреди (https://www.cobiss.net/doc/Namescanje_COBISS_DGW_XX.pdf).
Tабличката за потпишување не работи во Cobiss Lib.
За употреба на табличката за потпишување библиотеката мора да го инсталира сервисот COBISS DGW. Овој сервис овозможува комуникација помеѓу апликацијата COBISS Lib и периферните уреди (https://www.cobiss.net/doc/Namescanje_COBISS_DGW_XX.pdf).
имаме тешкотии со печатењето – печатењето на налепниците е изместено, графиката не е соодветна, налепницата е празна.
За да работи печатачот правилно, треба да се намести погонската програма (англ. driver).
Kаде ги поставуваме кратенките на тастатурата за изведување одделни постапки?
И во COBISS Lib можете да поставите кратенки на тастатурата за изведување одделни постапки. Во сегментот Поставувања и администрација во содржинскиот склоп Подешавања ја изведувате постапката Постави кратенки за постапки. Постапката е опишана во Упатството за работење во апликацијата COBISS Lib.
Дали cobiss lib поддржува кратенки?
Списокот со кратенки е наведен во Упатството за работење во апликацијата COBISS Lib.
Дали е веќе воспоставена врска помеѓу cobiss cat и cobiss lib фонд?
Врската помеѓу COBISS Cat и COBISS Lib е воспоставена цело време. За COBISS Cat и COBISS Lib постојат две различни влезни точки, па затоа можете, во исто време, да работите во два веб-прелистувачи или на две ливчиња од ист веб-прелистувач. Во записот кој го креирате во вашата локална база во COBISS Cat можете веднаш потоа да додадете полиња за фондот во COBISS Lib. Можна постапка: во COBISS Lib кликнувате на копчето Историја каде го избирате штотуку креираниот запис (Граѓа) и му додавате полиња за фонд.
Kако во апликација cobiss lib внесуваме посебни знаци и букви од други јазици?
За внес на посебни знаци и букви од други јазици ја користите табелата со знаци (англ. Character Map), зависно од тоа дали на компјутерот е инсталиран оперативен систем Microsoft Windows на македонски или на англиски јазик. Табелата со знаци ја барате со пребарувачот на Windows (во редицата со алатки или во менито Старт), бидејќи е стандардно интегрирана во оперативниот систем. Библиотекарите, кои во своето работење често внесуваат посебни знаци, табелата (иконата) можат да ја закачат на работната лента и секогаш ќе им биде достапна со еден клик на глувчето.