Препорачана опрема
Системски побарувања за непречено работење со програмската опрема COBISS Lib и COBISS Cat
За непречено работење со програмската опрема COBISS Lib и COBISS Cat потребна ви е сигурна интернет врска и персонален компјутер со следните спецификации:
- Оперативен систем:
- Windows: 64-битна верзија на Windows 10 (или понов)
- macOS: macOS 10.14 Mojave (или понов)
- Linux: 64-битна дистрибуција со современо јадро (на пр. Ubuntu 18.04 LTS или понов)
- Инсталирани најнови безбедносни закрпи за оперативниот систем
- Веб-прелистувач:
- Најнова верзија на веб-прелистувачот Firefox, Chrome, Edge или Apple Safari
- Соодветна верзија на Javа и сервисот COBISS DGW (за одредени услуги)
Печатачи, читачи, терминали и табли за потпишување
Програмската поддршка COBISS ги поддржува избраните:
- типови на печатачи,
- читачи,
- терминали и
- табли за потпишување
Инсталација на апликацијата COBISS IO
За да ги користи периферните уреди, како што се печатачи, RFID плочки, каси со фиоки итн, библиотеката мора да ја инсталира апликацијата COBISS IO. Оваа апликација овозможува комуникација помеѓу апликацијата COBISS Lib и периферните уреди. Неопходна е и за фискализација на сметките. Повеќе за сервисот COBISS IO и COBISS Lib се наоѓа на линкот. Постапката за инсталација на апликацијата COBISS IO и уредување на поставувањата се опишани во упатството Инсталација на COBISS IO.