Најчести прашања
Што е заемна, а што локална база на податоци и како да пребарувам во нив?
Локални бази на податоци се базите на податоци на библиотеките. Меѓусебно се поврзани преку заемната библиографско-каталошка база на податоци COBIB.MK која ги содржи библиографските податоци и податоците за фондот на сите локални бази на податоци..
Внесувањето на податоците за библиографските единици се врши во локалните бази на податоци на библиотеките кои се вклучени во системот COBISS.MK. Истовремено со внесувањето во локалната база на податоци се ажурира и заемната база на податоци COBIB.MK. Локалните бази на податоци самите за себе претставуваат целина (т.е. каталог на библиотеката), а во однос на заемната база на податоци тие се нејзини сегменти. За иста единица библиотечна граѓа во локалната и во заемната база на податоци се формира само еден запис кој потоа, преку заемната база на податоци, е достапен за сите библиотеки во системот COBISS.MK.
COBISS+ овозможува online пристап до локалните бази на податоци и до COBIB. Според тоа, при пребарување на одредена граѓа, можете да ја изберете COBIB.MK ако сакате да пребарувате по сите македонски библиотеки истовремено или по една од локалните бази на податоци, ако сакате да пребарувате по каталогот на одредена библиотека (на пр. Градска библиотека "Браќа Миладиновци"):
-
пребарување во заемната база на податоци COBIB.MK:
По избирањето на погодокот на екранот се испишуваат библиографските податоци за избраната граѓа, а на крајот списокот на библиотеки кои во својот каталог (локалната база на податоци) ја поседуваат избраната граѓа. Програмата овозможува и привремен премин во одредена локална база на податоци за која се испишува бројот на примероци што го поседува, како и податокот за тоа дали е граѓата слободна или е зајмена (доколку во библиотеката зајмувањето е автоматизирано со програмската поддршка COBISS/Зајмување); -
пребарување во локалната база на податоци:
По избирање на погодокот на екранот се испишуваат библиографските податоци за избраната граѓа, а на крајот податоците за фондот (бројот на примероци и податокот за тоа дали е граѓата слободна или е зајмена, доколку во библиотеката зајмувањето е автоматизирано со програмската поддршка COBISS/Зајмување). И во овој случај програмата овозможува привремен премин во другите локални бази на податоци кои ја поседуваат избраната граѓа и за кои се испишуваат податоците за фондот.
Што се библиографски податоци, а што податоци за фондот?
Библиографските податоци се основни податоци за граѓата: на пр. името на авторот, насловот на книгата односно статијата, годината и местото на издавање и сл:
- детални
- збирни
Деталните податоци за фондот се евидентираат во локалната база на податоци на библиотеката, на пр. сигнатура на книгата, инвентарен број, статус на зајмувањето. До податокот пристапуваме додека сме вклучени во локалната база на податоци. Збирните податоци за фондот се водат на ниво на заемна база на податоци и тоа врз основа на деталните податоци од локалните бази на податоци. Пример е бројот на примероци за зајмување, сите примероци, нарачани примероци.
Како да се внесат или да се поправат податоците за персоналните библиографии?
Постапка на инсталација или ажурирање на програмата Java
За програмската поддршка COBISS3 потребно е да се инсталира препорачаната верзија на отворениот код на Java, односно дозволените верзии на програмскиот јазик Java за Microsoft Windows или Linux/Apple Macintosh (во подготовка).
Проблеми со апликациите COBISS по ажурирање на програмата Java
По ажурирање на програмата Java од различни причини може да се случи апликациите COBISS3 (клиент COBISS3) да не функционираат. Што треба да се направи кога не работат линковите или кратенките за апликациите COBISS3 е опишано во постапката Проблеми со апликациите COBISS по ажурирање на програмата Java.
Kои печатачи се поддржани со програмската поддршка COBISS?
Списокот на печатачи кои се поддржани со програмската поддршка COBISS.