Дигитални репозиторијум COBISS
Дигиталниот репозиториум COBISS - dCOBISS е апликација
наменета за чување на најчестите видови дигитални објекти и управување со дигитални содржини. Достапна е за сите библиотеки во системот COBISS и е целосно интегрирана со другите сегменти на системот COBISS. За внес на
содржина библиотекарот треба да има барем привилегија за внес на фондот во сегментот Фонд. Сите податоци кои се зачувани во репозиториумот dCOBISS им се достапни на корисниците во апликацијата COBISS Plus. Датотеките
со слики можат да се користат како насловни страници на одделни записи при приказ во COBISS Plus, а текстуалните датотеки можат да се најдат и по целосниот текст.
Репозиториумот dCOBISS на академско-истражувачките институции им овозможува чување објави на истражувачи со отворен пристап и други податоци за проектите од кои е финансирана објавата, за финансиерите, плаќачите и трошоците за објавите со отворен пристап. Овие информации се неопходни за аналитика на отворениот пристап која ја користат агенциите за научноистражувачка и иновативна дејност, универзитетите и други истражувачки институции.
Некои од позначајните функционалности на апликацијата dCOBISS се:
- внес и управување со објави (верзија на објавата, лиценца на објавата, датум на објавата, ембарго);
- чување на дигитални објекти (датотека);
- управување со проекти, финансиери и плаќачи;
- поддршка за синхронизација со локалните репозиториум;
- поддршка за приказ на кориците во COBISS Plus;
- индексирање на текстуални содржини за потребите на пребарување по целосни текстови во COBISS Plus;
- опција за пребарување по заемниот каталог COBIB и податоците зачувани во dCOBISS.