Програмската поддршка COBISS3
COBISS3 е назив за третата генерација на програмската поддршка која ИЗУМ ја разви за потребите на функционирање на системот COBISS. Програмската поддршка COBISS е развиена врз основа на објектна технологија.
Една од архитектонските карактеристики на програмската поддршка COBISS3 е нејзината трислојна концепција: кориснички интерфејс, деловна логика и бази на податоци.
Програмската поддршка COBISS3 содржи девет сегменти.
COBISS3
Каталогизација
Централен сегмент на програмската поддршка COBISS3 кој ја поддржува заемната каталогизација во рамки на кооперативниот онлајн библиографски систем и сервиси COBISS. Овозможува изведување постапки во работењето со библиографските и нормативните записи во различни бази на податоци: пребарување и прегледување записи, креирање и уредување записи, преземање записи од COBIB и различни странски бази на податоци, разрешување дупликати, разрешување локални библиографски записи и раздружување на нормативните записи.
COBISS3
Набавка
Овозможува автоматизација на следните постапки на набавка на монографски публикации: купување граѓа која вклучува избор за нарачување граѓа, нарачување граѓа, претплата на нарачаната граѓа, прием на нарачаната граѓа и плаќање на примената граѓа. Можат да се водат и други начини на набавка на граѓата, како што се прием и испраќање граѓа за размена и прием и испраќање задолжителни примероци и подарена граѓа. Овозможува и рекламација на непримена или примена граѓа и рекламација на документите за плаќање.
COBISS3
Сериски публикации
Овозможува автоматизација на следните постапки на набавка на сериски публикации: купување публикации кое вклучува избор за нарачување публикации, нарачување публикации, откажување на нарачката, претплата и плаќање на публикации. Може да се водат и други начини на набавката и испраќање на публикациите, како што се размена, задолжителни примероци и подароци. Одржува податоци за обрасци на излегување и врши контрола на прилив. Овозможува и рекламација на свески што недостасуваат и рекламација на документите за плаќање.
COBISS3
Електронски извори
Овозможува автоматизација на следните постапки на набавка на електронски извори: купување пакети и лиценци за самостојни електронски извори, претплата и плаќање на електронски извори, прием на задолжителен примерок на електронските публикации, поврзување со порталите за зајмување е-книги, одржување на податоци за партнерите и контата и поставување бројачи.
COBISS3
Фонд
Вклучува постапки со кои се уредуваат податоците за фондот на граѓата во полиња 996, 997 и 998. Полињата се креираат автоматски во текот на постапката на набавка на граѓата во сегментите COBISS3/Набавка и COBISS3/Сериски публикации, а можат и дополнително
да се додадат.
Во овие полиња се водат детални податоци за фондот, врз основа на кои во библиотеките се врши зајмување на граѓата и се водат податоците
за набавка на граѓата. При водење на фондот со инвентарни броеви или броеви за зајмување се следат сите податоци за статусите на граѓата, испис на налепници, инвентарирање на монографските публикации
и отпис на примероците на монографски публикации кои недостасуваат по направена ревизија (инвентар).
Сегментот вклучува и постапки на водење на сериските публикации, креирање дополнителни локални
записи, пренос на полињата од еден библиографски запис на друг, прикажување на записите во форматот COMARC, преглед на состојбата на примероците во зајмувањето, испис на список на новитети и др.
COBISS3
Зајмување
Им овозможува на библиотеките автоматизација на следните постапки: внес, менување и бришење на податоци за членовите, менување на податоците за членската карта, зајмување надвор од библиотеката или во читалница, продолжување на рокот за зајмување, менување
на датумот на изминување, враќање на граѓата, резервација на зафатена и на слободна граѓа, враќање на граѓата со задршка, евидентирање на изгубената граѓа, испис на реверси за членот и пренос на податоци
од референтната база на студенти. Вклучени се и постапки на пресметување на услугите за членовите на библиотеката (постапки на одржување на ценовникот, евидентирање и намирување на побарувања, издавање
сметки и водење благајна).
На библиотеките им е овозможени и изведување автоматизирани постапки на зајмување во одделение на мобилна библиотека
(библиобус) и користење RFID-книгомати и RFID-читачи на пултот за зајмување.
COBISS3
Меѓубиблиотечно зајмување
Ги вклучува следните постапки: евидентирање на барањата на нарачателот за меѓубиблиотечно зајмување, резервација на граѓата на домашната библиотека, нарачување на граѓата кај доставувачи или во магацин, евидентирање на приемот на граѓата од доставувачот или од магацин, доставување на граѓата до нарачателот, враќање на граѓата од нарачателот и враќање на граѓата до доставувачот или во магацин. Вклучува и подготовка и испраќање фактура и известувања за нарачателите (партнерите) и одржување на нивните податоци.
COBISS3
Управување со апликациите
Овозможува ажурирање на податоците за домашната библиотека (за лицата за контакт и одделенијата за контакт) и партнерите (библиотеки, издавачи, сервиси, други установи и поединци), како и увид во податоците за корисниците на системот. Податоците, по потреба, се ажурираат пред работење во одделен сегмент на програмската поддршка COBISS3.
COBISS3
Исписи
Овозможува обликување различни видови записи, како што се различни обрасци, работни акти, статистики итн. Исписите се подготвуваат врз основа на податоците од сите сегменти на програмската поддршка COBISS3. Типските исписи за одделни сегменти се обликуваат во ИЗУМ.
Инсталација
Бр. | Назив | Место | Акроним | Инсталација | Кат | Зај | МЗ | Наб |
---|
Инсталација
Корисничкиот интерфејс COBISS3 го инсталирате преку интернет.
- Проверете дали на вашиот компјутер е инсталирана препорачаната верзија на отворениот код на Javа, односно дозволената верзија.
- Ако је потребна инсталација или ажурирање на верзијата на отворениот код на Javа, изберете:
- за околината MS Windows (64-бит)
- за околината MS Windows (32-бит)
- за околината Linux/Mac
- Инсталирајте го корисничкиот интерфејс COBISS3 (кликнете на копчето покрај својата институција или библиотека.
- Активирајте го корисничкиот интерфејс COBISS3 (кликнете на кратенката до работната површина) и во случај на појавување на сигурносниот прозорец, потврдете дека имате доверба во интерфејсот COBISS3.